Во ХЕЦ "Шпилје" добро производство и солидна резерва

Bez autora
Apr 06 2014

Турбините на ХЕЦ Шпилје кај Дебар, во првото тромесечие од годинава, произвеле 25 милиони киловат-часови електрична енергија. Оствареното производство претставува околу 10 отсто од вкупно планираното годишно производство, кое согласно енергетскиот биланс е проектирано на 282,5 милиони киловат-часови. Моментно просечниот доток е околу 40 метри кубни вода во секунда, а исполнетоста на дебарската акумулација е околу 50 проценти. Во неа има резерва на вода за производство на околу 20 милиони киловат-часови, велат надлежните. Според познавачите, исполнетоста на акумулацијата е солидна, имајќи го предвид фактот што зад нас е една од најсушните зими во изминатите 20 години. Поради исклучително поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје, кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, лани во овој значаен електроенергетски објект, беа произведени 395 милиони киловат-часови електрична енергија, што беше за 57 отсто повеќе од годишниот план.

Во ХЕЦ "Шпилје" добро производство и солидна резерваТурбините на ХЕЦ Шпилје кај Дебар, во првото тромесечие од годинава, произвеле 25 милиони киловат-часови електрична енергија.

Оствареното производство претставува околу 10 отсто од вкупно планираното годишно производство, кое согласно енергетскиот биланс е проектирано на 282,5 милиони киловат-часови.

- Моментно просечниот доток е околу 40 метри кубни вода во секунда, а исполнетоста на дебарската акумулација е околу 50 проценти. Во неа има резерва на вода за производство на околу 20 милиони киловат-часови, велат надлежните.

Според познавачите, исполнетоста на акумулацијата е солидна, имајќи го предвид фактот што зад нас е една од најсушните зими во изминатите 20 години.

Поради исклучително поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје, кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, лани во овој значаен електроенергетски објект, беа произведени 395 милиони киловат-часови електрична енергија, што беше за 57 отсто повеќе од годишниот план.

Споредено со производството во 2012 година, произведени беа дури 156 милиони киловат-часови повеќе.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik